ХАЏИ Христо

ХАЏИ Христо (Белград, 1783 или 1794 – Атина, 1853) – офицер во османлиската армија и генерал на грчката армија. Бил во воена служба во Египет кај Мехмед Али. Со Хуршид-паша преку Сирија бил испратен на Пелопонез за задушување на Востанието во Грција. Преминал на страната на грчките востаници, се истакнал во борбите и во 1824 г. станал генерал на грчката востаничка војска. Во 1834 г. бил одликуван со највисокиот орден и станал аѓутант на кралот Отон. ЛИТ.: НиколаŸ Тодоров, Балкански измерени® на ГрÍцкото вÍстание от 1821 година. ПриносÍт на БÍлгарите, Софи®, 1984; Веселин ТраŸков, Трако-бÍлгарското дружество (Организаци® на БÍлгарите в ГÍрци® през 40-60-те години на 19. в.), Œбилеен сборник в чест на академик ДимитÍр Косев, Софи®, 1985. М. Здр.