ФИЛОЗОФИЈА

„ФИЛОЗОФИЈА“ – единствено филозофско списание во РМ, гласило на (в.) Филозофското друштво на Македонија. Го издава изд. куќа Аз-Буки од Скопје и (в.) Институтот за филозофија. Излегува четирипати годишно (првиот број во јуни 2002). Ја продолжува традицијата на (в.) Филозофска трибина. Заклучно со 2006 г. се излезени 20 броја. Списанието го има следниов профил: студии, есеи, критички осврти посветени на разни теми од доменот на сите филозофски дисциплини, од домашни и од странски автори; преводи на дела или фрагменти од значајни филозофи на светската историја на филозофијата; прикази, коментари на разни настани од филозофската дејност во РМ; објавени книги, симпозиуми, собири, трибини, предавања и дискусии. ЛИТ.: М. Ѓошевски, Десетте броја на Филозофија, Филозофија, Скопје, 11, 2004, 139–145. В. Панз.