УСАОЈ

УСАОЈ (Обединет сојуз на антифашистичката младина на Југославија) – масовна организација на млади од окупираните југословенски краишта обединета на Првиот конгрес на антифашистичката младина (Бихаќ, 27–29. ⅩⅠⅠ 1942). Целта била да се создаде политичко единство и револуционерна свест кај младите во Југославија. На Вториот конгрес (Дрвар, 2–5. Ⅴ 1944), се консолидира организациски, а на Третиот конгрес (Загреб, 11–16. Ⅴ 1946) го сменила името во Народна младина на Југославија. Македонски претставници зеле учество само на Третиот конгрес.
ЛИТ.: Мала енциклопедија Просвета – Општа енциклопедија, друго издање, Ⅱ, М–ш, Београд. Н. В.
Рина
Усикова