ТУРИЗАМ

ТУРИЗАМ – економска дејност насочена кон организирање патувања и привремено сместување луѓе надвор од нивното постојано место на живеење, не подолго од една календарска година, заради одмор, забава, рехабилитација, посета на културни и спортски настани, природни атракции, историски споменици и сл., но не и заради стекнување доход. Туризмот може да биде: рекреативен, забавен, културен, конгресен, транзитен, верски, еколошки, здравствен, излетнички, морски, езерски, планински, бањски, рурален, урбан, домашен, меѓународен, инбонд, аутбонд, внатрешен, национален итн. Тој е во тесна врска со аутпутот на другите сектори во економијата, како: угостителството, занаетчиството, сообраќајот, трговијата,„индустријата за забава“, културата, итн. Туризмот во Македонија е економски сектор со значајни, но и недоволно искористени можности и капацитети. Во СРМ статистиката го следеше туризмот интеграл-но со угостителството. Во периодот 1945–1965 г. во земјата, главно беа градени работнички одморалишта, додека модерните хотели се градени по 1965 г. Стапката на раст на општествениот производ во туризмот во периодот 1953–1988 изнесува 2,9% и е, речиси, двапати пониска од онаа на вкупното стопанство. ТурисПлажата во Градиште, Охрид тичката понуда во Македонија ја сочинуваат: трите тектонски езера (Охридското, Преспанското и Дојранското), 38-те глацијални и 22-те вештачки езера; реките: Вардар, Црн Дрим, Бабуна, Треска и особено реката Радика, која изобилува со уникатни релјефни карактеристики; водопадите (особено Смоларскиот и Колешинскиот); изворите (Билјанините, Вевчанските, оние кај Свети На-ум и др.); природните реткости (три национални парка,10 специјални резервати, два предела со посебни природни убавини,55 споменици на културата, три меморијални споменици на природата); археолошките локалитети (Скупи, Стоби и Хераклеја, како и античките градби: Самуиловата тврдина, Скопското Кале, Тврдината Марвинци, Виничкото Кале, Марковите Кули), многубројните цркви со прекрасните фрески и икони, бањските места; планините итн. Македонската туристичка понуда ја збогатуваат и бројните сакрални објекти, како и уникатната архитектура на голем број урбани и рурални населени места (Охрид, Крушево, Велес, Скопје, Мавровското Езеро Маркови Кули, Прилеп Штип, Галичник, Смилево) итн. Дел од туристичката понуда се и бројните културни институции (музеи, галерии, етно-поставки и сл.) и манифестации (Охридското лето, Скопскиот џез фестивал, Мајските оперски вечери, Галичката свадба, Фестивалот на филм-ска камера во Битола, Струшките вечери на поезијата и други), кои се дел од т.н. културен туризам и ја заокружуваат туристичката понуда на земјата. Очигледно, компаративните предности на македонскиот туризам во значајна мера се врзани за богатото историско и културно минато на земјата – од античките археолошки локации, преку спомениците на Охридскиот книжевен центар кон крајот на Ⅸ и почетокот на Ⅹ век и ширењето на словенското писмо од овие простори Комерцијална сместувачка понуда во Македонија (1991-2004) низ целиот словенски свет, до раскошните средновековни цркви со чудесните фрески и икони. Учеството на туризмот во формирањето на бруто домашниот производ на земјата, во периодот 1991–2004 г., е релативно ниско, и во просек изнесува околу 1,7%. Главните проблеми на туризмот се лоцирани во кратката туристичка сезона (што упатува на низок степен на искористеност на капацитетите), што од своја страна е условено од релативно сиромашната понуда на нови туристички содржини, од скромните инвестиции за пропаганда и туристичка промоција на земјата, несоодветните авионски комуникации со европските и светските метрополи и сл. Бројот на туристите во земјата, 2004 г., беше сведен на 465.015, наспроти 710.278 туристи од 1991 г. Денес, учеството на хотелите и рестораните во формирањето на БДП на земјата останува маргинално – во периодот 2000–2005 г. се одржува на нивото од околу 1,5%. ЛИТ.: Државен завод за статистика, Статистички годишник на Република Македонија, Скопје, 2006; М. Ацковска, Туризмот и економскиот развој на Република Македонија, 2007, 133–164. Д. Е.– Т. Ф. Акумулационото езеро Турија