ТРПОСКИ, Иван Наумов

ТРПОСКИ, Иван Наумов (с. Волино, Охридско, 21. Ⅵ 1942) – македонски поет и публицист. Иселеник од Македонија (од 26. Ⅷ 1968) во Нов Јужен Велс во Австралија. Член е на Македонското литературно друштво во Австралија „Григор Прличев“ во Сиднеј (од 1979) и негов библиотекар и член на Издавачкиот одбор на сп. „Повод“. Учесник на Струшките вечери на поезијата и на ⅩⅩⅠ поетски конгрес во Сиднеј. Член е на Друштвото на писателите (од 1988) и на Друштвото на новинарите на Македонија (од 1995). Застапен е во поетски зборници и антологии во Австралија и во Македонија и автор на повеќе стихозбирки, патописи и записи. Активен учесник е во повеќе асоцијации, институции и организации на активности на Македонците во Австралија. БИБ.: Површински корење, Сиднеј, 1985; Големиот град, Скопје, 1988; Оковано море, Сиднеј, 1988; Преселба на запад, Сиднеј, 1990; Тодорка, поема, Скопје, 1995; Свитило, Струга, 1999; Меѓу две огништа, Струга, 1999; Немирни ветрови, Сиднеј, 2004; Љубовна имагинација, Сиднеј 2004; Фоллоњинг тхе Сун-Јоурнеѕ то Мацединиа, Сѕднеѕ, 2000; Тхе Мацедониан Демонстратионс ин Аустралиа. Цоммунитѕ Хисторѕ, Сѕднеѕ, 2004. Бл. Р.