ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна административна, политичка и економска об-ласт, формирана по паѓањето на Манастирот Трескавец (ⅩⅣ в.) Македонија под римска власт (168 г. пр. н.е.), со решение на римскиот сенат, кое им го соопштил на Македонците римскиот конзул Емилиј Павел, на собранието во Амфиполис (167 г. пр. н.е.). Ги зафаќала териториите помеѓу реките Вардар и Пенеј, како и делови од Пајонија, западно од р. Вардар. Главен град на областа била поранешната македонска престолнина Пела. Основни административни единици на областа биле градските општини (цивитатес), на чело со собрание, составено од претставници на општините. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. Аџ. Борбениот пат на Третата македонска народноослободителна бригада