ТРЕСКА

ТРЕСКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Копачка, од карстниот извор Извор во истоименото село, на височина од 760 м, а се влива во Скопската Котлина, кај Сарај, на височина од 261
м. Долга е 127 км, има вкупен пад од 499 м и просечен пад од 3,9‰. Сливот зафаќа површина од 2.068
2
км . Средногодишниот протек
3
при вливот изнесува 20,2 м /сец, а најголемиот средномесечен протек се јавува во април од 43,8
3
м /сец, додека најмалиот од 7,5
3
м /сец во август. Просечниот го-дишен протек пред вливот во р.
3
Вардар е 24,2 м /сец. На реката Треска се изградени вештачките акумулации „Матка“ и „Козјак“, а

Реката Треска
акумулацијата „Козјак Ⅱ“ или „Света Петка“ е во фаза на изградба. Со изградбата на овие акумулации долината на реката во средниот тек е заезерена и во голема мерка преобразена. Водите се користат за производство на електрична енергија, за наводнување, за спортски риболов и за рекреација.
ЛИТ.: Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.

Напишете коментар