ТОМЕВ

ТОМЕВ (ПАТЕРОВ), Џим (Димитрија) (Јим Тхомев Патерас) (с. К’басница, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 17. Ⅱ 1945) – поет, драмски деец, уредник. По одењето на татко му Томе Патеров на печалба во Австралија (1948), го повлекол и семејството (сосе најмалиот син Димитрија) во Мел-бурн (1954). Целото школување му е на англиски јазик. По дипломирањето на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Мелбурн (1972), станува средношколски професор по англиски и француски јазик. Почнува да се занимава со комедии и сатирични цртежи на леринскиот говор и ја основува Австралиско-македонската драм-ска група во Мелбурн (1984–1994); станува основач и уредник на двојазичниот весник „Аустралиан-мацедониан њееклѕ – Австралиско-македонски неделник“ (1987–1990). Пишува двојазична поезија („Фрагментс оф а Хисторѕ – Фрагменти од една историја“ (Аделаид – Сѕднеѕ, 1990), со Предговор од авторот и поговор „Тајните на историјата“ од И. Чашуле. Истовремено македонската верзија е објавена и во Скопје (со предговор од Анте Поповски). Т. преведува и објавува македонски народни приказни и пословици на англиски јазик „Фром Њар то Њхиттлесеа: Орал Хисториес оф Мацедониан Цхилд Рефугеес“ (Сѕднеѕ, 1999) и работи на социјални проекти, како Извештајот за македонските пензионери до Владата на Викторија (1992) и истражувањето „Мацедонианс ин Вицториа. А Траининг Мануал“ (Мелбоурн, 2000). Бл. Р.