ТАША

ТАША – албанска организација (1943–1944), формирана од Германците за етничко чистење на окупираниот западен дел на Македонија (со масовен терор и протерување на Македонците). Учествувала во грабежите по селата и во борбените акции против македонските партизански единици. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Марија Ташева