ТАУЛАНТИ

ТАУЛАНТИ – илирски племиња, соседи на Македонците. Ја населувале територијата на ден. Албанија. Создале моќно кралство (ок. 335 г. пр. н.е.) на чело со кралот Глаукија, кој ги проширил границите на државата. По неговата смрт (крај на Ⅳ в.) кралството почнало да опаѓа. ЛИТ.: П. Кабан, За Илирите од Бардилис до Гентиј (Ⅳ–Ⅱ в. пр. н.е.), Скопје, 1996. К. Аџ. Алаетин Тахир