СТРУМИЧКА

СТРУМИЧКА АРТИЛЕРИСКА БРИГАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (8. Џ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ во состав на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Била формирана од 25 борци со артилериско искуство, со командант капетан Иван штериев и политички комесар Боро Камберски. Наскоро им се приклучиле делови од Македонската НО бригада „Гоце Делчев“, па постепено нараснала на 350 борци. Била поделена во две батерии, а располагала со 3 ридски и 4 противтенковски топови. Едната батерија дејствувала во правецот ДелчевоКочаниШтип, а другата кон Царево Село (ден. Делчево)–БеровоСтрумица–Криволак. При реорганизацијата на артилериските единици била префрлена во Скопје, и влегла во составот на Првата македонска НО артилериска бригада. ИЗВ.: АВИИ, Белград, к. 1364, рег. бр. 6-5/2. ЛИТ.: Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945 (Преглед на Главниот штаб, бригадите, дивизиите, корпусите и Ⅴ југословенска армија), Скопје, 1999, 158–159. С. Мл. Струмичка православна епархија на МПЦ