СТРУГА

СТРУГА – град во југозападниот дел на РМ со 16.559 ж. (2002 г.). Лежи покрај северниот брег на Охридското Езеро, на местото каде што Црни Дрим истекува од езерото и на рамничарскиот дел од Струшко Поле, на надморска височина од 696 м. Зафаќа површина од 510 ха. Магистралниот пат М–4 го поврзува градот преку Кичево и Гостивар со Скопје, а магистралниот пат М–5 со Охрид и Битола. На 7 км од Струга се наоѓа Охридскиот аеродром. Климата е умерено-континентална со просечна годишна температура на воздухот од 10,9°Ц, и просечна годишна количина на врнежи од

Пазарот во Струга
812 мм. Струга е стара рибарска населба од античко време. Првобитното име и е Енхалон што во превод значи јагула. Словените ја преименувале во Струга што значи ловиште или доаѓа од зборот страга што значи премин. Под името Струга првпат се спомнува во византиски споменици од Ⅺ в. Тогаш била посетена од патописецот Ана Комнена, која населба
та ја нарекла „Град на 100 мостови“, затоа што во времето на цар Самуил било регулирано коритото на Црни Дрим, а за премин биле изградени повеќе мостови.
Во времето на турското владеење Струга била позната како пазариште за жито, од каде што тоа се изнесувало за Албанија. Во месноста Панаѓуриште во Струга двапати годишно се одржувал познатиот струшки панаѓур. Меѓу двете светски војни, како погранично место, ги губи поранешните функции и во 1931 г. во неа живееле 3.587 ж. Градот почнува малку побрзо да се развива во втората половина на минатиот век. Денес Струга има мешан етнички состав на населението. Најголем број се Македонци (8.901 ж.), потоа следат Албанците (5293), па Турците (907), Ромите
(97) и Власите (92). Струга е седиште на општина што зафаќа површина од 48.300 ха, има 51 населено место со 63.376 ж. Во стопански поглед градот претставува значајно туристичко место со повеќе модерни хотели и ресторани. Од индустријата присутни се текстилната, металната и прехранбената индустрија. Има гимназија, здравствен дом, природонаучен музеј и модерен дом на културата, во кој се одржува меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Струга е родното место на браќата Димитрија и Константин Миладиновци и на академскиот сликар Вангел Коџоман. Во нивна чест во градот постои Спомен дом „Браќа Миладиновци“ и ликовна галерија „Вангел Коџоман“.
ЛИТ.: Н. МишовÍ, ОтÍ миналото на градÍ Струга, „Македонски прегледÍ“, кн. 3, Софи®, 1933; Гиго Милески, Струга, „Годишен зборник на ФФ“, кн. 9, Скопје, 1956; Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.

Напишете коментар