СТОЈЧЕВ-СРТАЊУ, Крсто

СТОЈЧЕВ-СРТАЊУ, Крсто (Разлог, 10. Ⅸ 1910 – Софија, 19. Ⅵ 1975) – учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). Ги предводел просветните работници на протести против ВМРО на Иван Михајлов (1932). Бил осуден на 15 години затворска казна (1933). По излегувањето од затвор (од Ⅵ 1941) живеел нелегално. Бил уапсен и спроведен во концентрациониот логор Ени ќој, Ксантиско (1942–1943). По излегувањето од логорот стапил во партизанското движење, бил политички комесар на Разлошкиот п.о. „Никола Парапунов“ (Ⅲ 1944), прв секретар на Окружниот комитет на БРП(к) за Пиринскиот крај (по 9. Ⅸ 1944). По Резолуцијата на ИБ бил отстранет од политичката функција, поради соработка со КПЈ. Отстапил од македонската национална определба. По Ⅶ конгрес на БКП (1958) бил рехабилитиран од бугарската власт. ЛИТ.: История на благоевградската окрÍжна организация на БКП, София, 1979; КрстÓ СтоŸчев, Начало на вÍорÍжената борба в Разложко през 1941 г., „Военно-исторически сборник“, кн. 3, София, 1972. В. Јот. СТОМАТОЛОШКА КОМОРА