„СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА“

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА
(Скопје, 10. Ⅱ – 10. ⅩⅠⅠ 1920) – неделен, а потоа дневен весник (16. Ⅷ), орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) за Македонија и Стара Србија, на српски, а потоа и на турски јазик (10 Ⅸ). Објавени се вкупно 130 броја. Имал цел да ги информира, да ги организира и револуционерно-комунистички да ги воспитува работниците и селаните. Со Обзнаната било забрането и неговото излегување.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 379-382-463; истиот, Збор, печат, време. Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 199-205; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 107. С. Мл.

Амблемот на СПМ

Напишете коментар