СОЛУНСКИ, Георги

СОЛУНСКИ, Георги (с. Косала, Радомирско, Р. Бугарија, 3. Ⅲ 1939) – претседател на Традиционалната македонска организација ВМРО (Независна) „Илинден“, со седиште во Софија. Потекнува од македонско свештеничко семејство, доселено во Бугарија од Егејскиот дел на Македонија. Живее во Софија како артист и асистент по режија. Борец за националните права на Македонците во Република Бугарија. В. Јот.