СОВИЦИ

СОВИЦИ (Ноцтуидае) – ноќни пеперуги со прекрасни шари на крилјата. Имаат силно и дебело тело со густи влакна. Во мирување предните крилја ги преклопуваат задните со што инсектот станува незабележлив за Совица, ноќна пеперуга непријателот. Се хранат со нектар. Гасениците се штетници на културните и шумските растенија. Во Македонија совиците се претставени со 468 таксони, од кои 8 се ендемични. Попознат е видот Ноцтуа пронуба Л., кој е многу варијабилен во однос на обојувањето; единките од иста популација може да бидат темни, бледи, кафеаво-црни, црвеникаво-кафеави и со други бои, коешто се должи на нивната способност за криење. ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно Издание, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.