ПЕПЕРУГИ

ПЕПЕРУГИ (Лепидоптера) – инсекти со два пара приближно исти крилја, препокриени со ситни лушпички како прав, по што го добиле името (лепис, лепидос гр. = лушпа, птерон = крило). Усниот апарат кај возрасните пеперуги е претставен од спирално свиена долга цицалка. Главата е јасно одделена од трупот и е снабдена со антени (пипала). Развитокот е со потполна метаморфоза. Редот пеперуги опфаќа голем број видови. Во светот се познати над 100.000 видови, различни по боја, шара и големина. Населуваат исклучиво копнени средини. Тие се подредени во голем број фамилии дневни и ноќни пеперуги, меѓу кои има и такви што се познати како големи штетници. Во Македонија пеперугната фауна е претставена со 2.299 таксона, од кои 90 се ендемични. Ова е еден од најдобро проучените редови инсекти, во кој се разликуваат дневни пеперуги (Хеспериоидеа и Папилионоидеа), совици (Ноцтуидае), предачи и вештици – самрачници (Бомбѕцоидеа и Спхингиидае), земјомерки (Геометридае) и пеперутчиња (Мицролепидоптера). ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно издание. Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Франз Даниел, Дие Лепидоптерен фауна Југослањисцх Мазедониенс. Ⅱ Бомбицес ет Спхингес, Посебно издание. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Јосеф Климесцх, Дие Лепидоптерен фауна Мазедониенс. Ⅳ. Мицролепидоптера, Посебно издание. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1968; Рудолф Пинкер, Дие Лепидоптерен фауна Мазедониена. Ⅲ. Геометридае, Посебно издание. Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1968; Паул Сцхеидер – Предраг Јаксиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Гонептерѕџ цлеопатра (Линнаеус 1767), Анењ специес оф тхе буттерфлѕ фауна ин Мацедониа (Лепидоптера: Пиеридае), Ацта Ентомологица Словеница, Лјублјана, 1997, 5( 2) 113–116; Група ав-тори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт). Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.