СМИЛЕВО

СМИЛЕВО – мијачко село во Демирхисарско. Се наоѓа во југоисточните падини на планината Биг-ла, во изворишниот дел на Стара Река, на надморска височина од околу 880 м. Со локален пат е поврзано со регионалниот пат БитолаДемир ХисарКичево. Тоа е единствено село во Демирхисарско и Пелагонија населено со Мијаци, дојдени од мијачкиот предел кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и на почетоПанорама на селото Смилево кот на ⅩⅠⅩ в. Во минатото населението се занимавало со сточарство и ѕидарство, и селото било големо. Потоа луѓето го напуштиле сточарството и се оддале на печалбарство. Кон средината на минатиот век тоа с“ уште опстојувало како голема населба, населена само со Македонци. Во 1961 г. С. имало 1.158 ж. и било најголемо село во Демирхисарско. Во следните години смилевчани почнале нагло да го напуштаат селото, така што во 1971 г. населението се намалило на 732 ж., а во 2002 г. во него останале да живеат 321 ж. Преселувањето се одвивало главно кон Битола, во која формирале посебно Смилевско Маало, потоа кон Демир Хисар, а во голем дел и кон Австралија, Канада и САД. Во Смилево се вели дека нема куќа што нема свој жи-тел во Австралија. Бидејќи има сосема малку обработливи површини, населението што останало во селото се занимава со едно специјално занимање – правење ќумур, потоа со градежништво и собирање шумски плодови, посебно смреклинки и печурки. Смилево има славно минато. Тоа е родното село на Даме Груев, еден од столбовите на македонското револуционерно движење. Во него е одржан Смилевскиот конгрес (2.–7. Ⅴ 1903), на кој е донесена одлуката за кревање на Илинденското востание. Денеска во Смилево постои спомен куќа на Даме Груев, во која посетителите може да се запознаат со бурното минато на селото. Ал. Ст.