СЛОВЕНОМАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

СЛОВЕНОМАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО-ПРОСВЕТНО ДРУШТВО „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (С.-Петербург, 27. Ⅵ – 31. Х 1912) – македонска национално-политичка асоцијација во С.-Петербург што претставува всушност преименувано продолжение на МНЛД заради добивање правен легитимитет во Русија пред очекуваните настани на Балканот. Основачкиот акт со Уста-С. Куновски: „Жена во облаци“ (1976) вот е потпишан од Димитрија Павле (Чуповски), Гаврил Константинович и Наце Димов, но во последниот расположив документ од Министерството за внатрешни работи на Русија се одговара дека Друштвото „преследува задачи од политички карактер, распространувајќи ја истовремено својата дејност надвор од пределите на Руската Империја“ и затоа смета дека „не е можна регистрација на предвидуваното друштво“. Всушност, токму Русија беше факторот во подготвуваната војна, па и за поделбата на Македонија. Од чл. 1 од Уставот на Друштвото се гледаат истите цели и задачи што ги имаше и Другарството: „да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување“ и дека „својата дејност ќе ја распростира во пределите на Руската Империја и во Македонија“. Исти се и средствата за реализацијата на овие цели (чл. 2), па и воведувањето на македонскиот јазик во службена употреба (чл. 31): „Меѓу членовите на Друштвото разговорен и писмен јазик се смета словеномакедонскиот јазик“, а веќе „целото деловодство на Управата на Друштвото се води на руски јазик и на словеномакедонски“. Мошне ригорозен е чл. 4 од Уставот во врска со односот кон Македонците приврзаници на туѓите национални пропаганди: „Македонците и Македонките од словенско потекло што не го исповедаат национално самобитното единство на Македонските Словени, туку се нарекуваат Срби, Бугари и Грци – не можат да бидат редовни членови на Друштвото“. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1978, 5–25. Бл. Р.