СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (СНОФ) (1943) – македонско националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. СНОФ во Костурско бил формиран во с. Крчишта, а во Леринско во с. Белкамен. За секретар на СНОФ за Костурско бил избран Паскал Митревски, а за Леринско Петре Пилаев. Учесници на конференцијата на СНОФ, (с. Д”мбени, април 1944) ЛИТ.: Историја на Македонскиот народ, В, Скопје, 2003; Хр. Андоновски, Македонците во Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968. Ст. Кис.