СКОПСКО НАУЧНО ДРУШТВО

СКОПСКО НАУЧНО ДРУШТВО (Скопје, 25. Ⅲ 1921) – основано по иницијатива и со ангажирање на Тихомир Ѓорѓевиќ, професор на Белградскиот универзитет. За прв претседател бил избран Тихомир Остоиќ, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а по неговата смрт бил избран Радослав Груиќ, исто така декан на Филозофскиот факултет во Скопје. До 1925 г. Друштвото немало редовна организирана дејност. Во април 1925 г. Друштвото било регистрирано и до 1941 г. развивало научна и културно-просветна дејност за докажување на српскиот карактер на македонскиот јазик, односно дека историјата, фолклорот и етнографијата се српски. ЛИТ.: Владан Јовановиќ, Југословенска држава иЈужнаСрбија1918-1929,Београд, 2002. Н. Цв.