БАНАШЕВИЌ, Никола

БАНАШЕВИЌ, Никола (Завала, романист, славист, компаратист, унив. професор, проучувач на македонската епика. Извесно време работел како гимназиски професор во разни градови, а потоа докторирал на тема „Ронсаровата поетска школа и почетоците на француската класична трагедија” (Париз, 1923). Наскоро потоа се вработил на Филозофскиот факултет во Скопје (1924-1941). Во настојувањето да ги изучи врските на јужнословенските книжевности со литературите на Западот, посебно внимание му посветил на Марковиот и на Косовскиот циклус народни песни. Го застапувал мислењето дека за тие врски биле пресудни контактите преку Јадранското Приморје и правел споредбена анализа на разните мотиви во народните песни. Особено се значајни и неговите истражувања на историските извори за минатото на балканските народи во средниот век. БИБ.: Експанзивна моћ француске књижевности, Скопје, 1924; Циклус Марка Краљевића и одјеци француско-талијанске витешке књижевности, Скопско научно друштво, Скопље, 1935; О постанку и разоју Косовског и Марковог цуклуса, Београд, 1936; Летопис попа Дукљанина и народна предања, Београд, 1971.ЛИТ.: Библиографија, „Зборник Филозофског факултета”, књ. 4, св. 2 (за 1945–55), Београд, 1959; Библиографија, „Анали Филолошког факултета”, књ. 1 (за 1956–60) и 1966 (за 1961–65), Београд, 1961. С. Мл.