СИЛЕКС

СИЛЕКС – рудник на секундарни кварцити, кој се наоѓа во западниот дел на Кратовско-злетовската вулканска област, помеѓу селата Плешенци и Боровиќ. Во суштина претставува калдера во вулканско-седиментен комплекс, во кој се застапени разновидни карпести маси (андезити, туфови и др.). Од генетски аспект, секундарните кварцити се метасоматски творби создавани во текот на поствулкански активности и тоа на фумаролско-солфатарски фази во времето на миоценско-плиоценските епохи. Квалитетот на секундарните кварцити варира, бидејќи силексните тела не се хомогена средина, туку творби со варијабилна силификација. Слабо силифицираните простори имаат 60% СиО , а интензивно силифи
2
цираните повеќе од 90%.
ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер.