СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – црква изградена во 1341 г. Позната и како Сифиева црква. Се наоѓала на местото на денешната голема трикорабна црква посветена на св. Никола во Штип. Била метох на Лесновскиот манастир. Цар Душан ја дарувал на Злетовската епископија, а во 1381 г. Константин Дејанов(иќ) ја приложил на светогорскиот манастир Хилендар. Нема податоци за нејзиниот изглед и димензии. ЛИТ: Ј. ИвановÍ, БÍлгарски старини изÍ Македония, София, 1931; К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972. К. Б.