СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – црква во центарот на Крушево. Голема трикорабна базилика изградена во 1832 г. Градбата е изведена со употреба на делкан камен и малтер. Има висока камбанарија. Ѕидовите во внатрешноста биле живописани, а најзначајното што го поседувала оваа црква бил иконостасот во длабока резба, дело на ко-Црквата „Св. Никола“, Крушево (1832) паничарската тајфа предводена од Димитар Станишев од Крушево. Меѓутоа, по Илинденското востание (1903) црквата била опожарена и речиси целосно уништена. Обновена е во 1905– 1907 г., но нејзините ѕидови не биле повторно насликани. Најголем дел од иконите кои во црквата биле донесени како даренија по нејзината обнова, му припаѓаат на творештвото на познатиот крушевски зограф Никола Михаилов. ЛИТ.: К. Томовски, Историја на Крушево и Крушевско, Ⅲ, гл. В–1; К. Балабанов, Историја на Крушево и Крушевско, Ⅲ, гл.В–2; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б.