СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – црква во с. Варош (Прилеп). Еднокорабна со полуобличест свод. Градена од блокови камен и сполии донесени од некој антички локалитет. Црквата била живописана, а фрескоживописот од тој најран период останал зачуван во олтарната апсида. Врз основа на стилските карактеристики на живописот, тој датира од ⅩⅠⅠ в. Од фреско- натписот испишан над прозорецот на јужниот ѕид се дознава дека обновата на црквата била завршена во ноември 1298 г., со средства на ктиторот Вега, син на Капза и Марија, во времето на Андроник Ⅱ, Михаил Ⅸ и царицата Ирина. Обновата опфаќала градежни работи што во значителна мера ја зголемиле висината на едноконија, 1980; Х. Такахасхи, Тхе Медиевал Њалл Паинтингс оф Мацедониа, Токѕо, 1989. К. Б.