СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – црква во еноријата челничка, во близина на црквата „Мали Св. Врачи“. Еднокорабна црква со издолжена припрата и фрескоживопис, кој припаѓа на три одвоени хронолошки фази. Најстариот слој на фрески од почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век е сочуван во конхата на апсидата и на источниот ѕид, Богородица со двајца ангели во царски далматики и Христос во слава седнат на престол носен од симболите на четирите евангелисти. На вториот слој фрески од средина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век припаѓаат претставите на Богородица со Христос, св. Никола и св. Јован Претеча од првата зона и лунетата на западната фасада. На третиот слој фрески од втората половина на ⅩⅣ век припаѓа ктиторската композиција од западната фасада и сликарството на јужниот и западниот ѕид на наосот, со остатоци од сцени од циклусот на Големите празници. ЛИТ.: Необјавени теренски истражувања на авторот. С. Ц.