СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – манастирска црква во с. Манастир (Мариовско). Врз основа на зачуваниот натпис во црквата, протосевастот Алексиј (роднина на императорот Алексиј Комнен) во 1095 г. на ова место изградил една мала црква. Многу подоцна (1266) игуменот Акакиј, кој пред замонашувањето се викал Јоаникиј, ја изградил денешната црква, живописана во 1271. Трикорабна базилика без нартекс. Корабите се разделени со четвртести столбови поврзани со арки. Трите кораби на источната страна завршуваат со апсиди од надворешната страна украсени со слепи ниши. Фрескоживописот во внатрешноста на црквата датира од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. и е во релативно добра „СВЕТИ НИКОЛА“ С