СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – манастирска црква високо во кањонот на р. Треска, над езерото Матка (Скопско), позната како шишевски манастир. Се состои од две градби. Источниот дел е изграден во облик на еднокорабна црква со тристрана апсида, а западниот дел во облик на стеснет впишан крст, со купола врз конзоли. Материјалот употребен за изградбата е кршен камен и малтер. Нема изворни историски податоци за времето на изградбата на двата дела на црквата. Постои единствено по-Манастирската црква „Св. Никола“ (шишевски), Матка, Скопско датокот дека во 1630 г. бил живописан делот од западната страна. Истражувањата извршени во последните години на ⅩⅩ в. покажуваат дека во источниот дел од црквата се наоѓаат фрагменти од фрескоживопис во три слоја. Најстариот потекнува од периодот пред ⅩⅣ в., бидејќи над него се наоѓа слој од ⅩⅣ в. Третиот слој се датира од 1630 г. Долго време била напуштена. ЛИТ.: В. Петковиђ, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; В. Ј. Ùуриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 44. К. Б.