СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – мала еднокорабна црква со тристрана апсида во Велес (десно од патот Велес – Градско). Ѕидана од кршен камен, блокови бигор и од тули редени во хоризонтални редови. Во внатрешноста на црквата се зачувани остатоци од некогашниот фрескоживопис. Во конхата на апсидата „Богородица ширшаја небеса“, а под неа композицијата Причестување на апостолите. Врз основа на стилските карактеристики на архитектурата и остатоците од фрескоживописот, се смета дека била изградена и живописана во ⅩⅣ в. ЛИТ.: Ù. Бошковиђ, Манастир „Св. Димитрија“ крај Велеса, „Старинар“, Ⅶ, 1932, 105; В. Петковиђ, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980.К. Б.