СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – мала еднокорабна гробишна црква во с. Пласница, југоисточно од Кичево, на десниот брег на р. Треска (Велика). Од ктиторскиот натпис се дознава дека е подигната и живописана во 1484 г. Стилските разбирања се блиски на т.н. мали работилници од крајот на ⅩⅤ век, чија активност се бележи во околината на Охрид и во посеверните делови. Се издвојува огромното допојасје на патронот св. Никола Скоропомошник, допојасјето на св. Климент Охридски и фигурата на св. Кирил Солунски. ЛИТ.: М. М. Машниќ, Прилози за три малку познати споменици во кичевскобродскиот крај од поствизантискиот период, „Културно наследство“, 16 (1989), Скопје, 1993, 103–106. М. М.