СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – мала еднокорабна гробишна црква во с. Глуво (Глухово), северозападно од Скопје. Обновена е во 1855 г., кога е доѕидана припратата, која ги опфаќа сите страни на стариот храм, освен источната; тогаш се урнати западниот, јужниот и северниот ѕид на стариот храм до сводните партии. Старото ѕидно сликарство е во духот на поствизантиските сликарски разбирања и се датира во првата деценија на ⅩⅤⅠ в. Монументалниот живопис од ⅩⅠⅩ в., како и иконите од иконостасот, се дело на Дичо Зограф. Во одделните фази на живописувањето биле ангажирани и други зографи, меѓу кои и Димитар Андонов Папрадишки. ЛИТ.: Ј. Хаџи-Васиљевиђ, Скопље, 1930, 416; П. Попови , „Старинар“, И, 1922, 102; В. Р. Петковиђ, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950, 67. М. М.