СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – еднокорабна црквичка од доцниот среден век, лоцирана надвор од с. Црешнево, североисточно од Македонски Брод. Имала делумно зачувани ѕидни слики на источниот ѕид, датирани кон втората половина на ⅩⅤⅠ в. Денес, црквата е урната и на нејзиното место изградена нова. ЛИТ.: Т. Смиљаниђ, Кичевија. Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 322. М. М.