СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – еднокорабна гробишна црква во с. Трново, северозападно од Крива Паланка. Според ктиторскиот натпис, подигната е и живописана во 1505 г., со залагање на попот Пејо и неговата сопруга Пројка. Врз основа на стилските карактеристики на ѕидното сликарство, се претпоставува дека е еден век помлада. Од уништената група пустиножители е зачуван само ликот на св. Отец Јоаким Сарандапорски. ЛИТ.: В. Р. Петковиђ, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950, 220; М. М. Машниќ, Црквата во село Трново – еден пример на духовниот стремеж на епохата, „Културен живот“, 2, Скопје, 1993, 40–46. М. М.