СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – еднокорабна гробишна црква во с. Мрзен Ораовец, југоисточно од Велес. Според ктиторскиот натпис, подигната е и живописана во 1694 г., со приложништво на бројни ктитори. Сликаната програма ги повторува утврдените обрасци, со преземање на куполни теми од постар споменик (Учителствувањето на св. Василиј Велики и Учителствувањето на Григориј Богослов, насликани на сводот) или со угледување на стари иконографски предлошки (стоечка фигура на Христос во Деисисот). Сликарството е со потенциран графицизам и ладна палета на бои. ЛИТ.: Р. Топузова-Кареска, Н. Митревски, Црквата во Мрзен Ореовец – последен споменик од ⅩⅤⅠⅠ век, „Балцанославица“, 16–18/ 1989–1991, Прилеп, 1996, 93–107. М. М.