СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – еднокорабна гробишна црква во с. Гиновци, западно од Крива Паланка. Според стилските карактеристики на зачуваното сликарство на сводот и на северниот ѕид, се датира кон крајот на ⅩⅤⅠ и првата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в. Меѓу стоечките фигури се забележува св. Отец Јоаким Сарандапорски, насликан покрај св. Петка, а во сцените на Великите празници присуствува по еден пророк, што го претскажал настанот. М. М. „