РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич

РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич (Одеса, 1860 – Битола, 26. Ⅷ 1903) – руски конзул и пријател на К. П. Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец) во илинденските настани во Битола. Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, а како секретар и драгоман на Руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и потоа во Бејрут, втор секретар во Дипломатската агенција во Софија (1884–1885), вице-конзул во Бриндизи (1894–1895), вице-конзул и конзул во Битола (1895), извесно време го заменува рускиот конзул во Скопје (1899–1901) и до смртта останува во Битола. Првпат се среќава со Мисирков на заедничкиот настап во Руското географско друштво во С.-Петербург (18. ⅩⅠⅠ 1897), а потоа во Битола како домашен учител на неговите деца (1902/03). Објавува статистичкоетнографски прегледи за населението во Битолскиот (за 1897) и во Солунскиот вилает (за 1999), во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Словени. ИЗВ.: А. А. РостковскиŸ (НекрологÍ), „С.-Петербургския В‹домости“, № 204, 29. Ⅷ 1903, 1; АлександрÍ АркадÏевичÍ РостковскиŸ, „Новое время“, № 9845, 2/25. Ⅵ–Ⅱ 1903, 5. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 263 и сл.; истиот, Мисирков и Ростковски. По повод стогодишнината од излегувањето на книгата <За македонцките работи“ и од убиството на рускиот конзул Ростковски, „Прилози“, ООН МАНУ, ЏЏЏИВ, 1–2, 2003, 33–53. Бл. Р. Панорама на селото Ростуше