РОСОС, Ендрју

РОСОС, Ендрју (Андрењ Россос, до-машно име: Андреја /Дико/ Рошовски) (с. В’мбел/Москохори, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 28. Ⅱ 1941) – унив. професор, историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2009). Поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец, во 1948 г. е префрлен во Чешка и живее во детскиот дом во Соботин, каде што го завршува основното образование (1948– 1954), а потоа учи во Техничката гимнази-Ендрју Росос ја во Прага (1954–1957). Бидејќи татко му со двата сина и ќерката во 1951 г. се преселуваат во Канада, во 1958 г. и тој им се приклучува и во Торонто ја дозавршува гимназијата. Ги завршува студиите по историја на Мичигенскиот државен универзитет (1963), а магистрира и докторира на Универзитетот во Станфорд (1971). Се вработува на Катедрата по историја на Универзитетот во Торонто и тука ги поминува сите степени на универзитетското напредување од предавач до редовен профессор (1967–1982), каде што с“ уште предава современа историја на Русија и на Источна и Централна Европа и ги проучува руско-балканските врски и односи, чешката историја, балканските национализми и посебно македонското прашање и историјата на Македонија и на Македонците. Солидното владеење на македонскиот, англискиот, чешкиот, рускиот, грчкиот, бугарскиот, српско-хрватскиот и италијанскиот јазик и користењето на германскиот, полскиот, словачкиот и францускиот, му овозможува темелно ис-тражување во архивите и библиотеките во Станфорд, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Прага, Виена, Рим, Белград, Софија, Солун, Атина и Скопје, што му дава можност изворно да ги запознае и компетентно да ги третира историските процеси и состојби. Со интерес е покануван за предавања на разни универзитети, за соработка во меѓународни проекти и на разни конгреси и симпозиуми по светот и објавува многу цитирани истражувања во значајни зборници и угледни списанија. БИБ.: Руссиа анд тхе Балканс: Интер-Балкан Ривалриес анд Руссиан Фореигн Полисѕ, 19081914, Торонто, 1981, пп. 313; Сербиан-Булгариан Релатионс, 1903–1914, „Цанадиан Славониц Паперс“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 4, Торонто, Децембер 1981, 394–408; Цзецх Хисториограпхѕ, Парт И, „Цанадиан Славониц Паперс“, ЏЏИВ, 3, Септембер 1982, 245–260; Цзецх Хисториограпхѕ, Парт Ⅱ, „Цанадиан Славониц Паперс“, ЏЏИВ, 4, Децембер 1982, 359–385; Тхе Мацедонианс оф Аегеан Мацедониа: А Бритисх Оффицер’с Репорт, 1944, „Тхе Славониц ад Еаст Еуропеан Ревиењ“, вол. 69, Но 2, Лондон, Април 1991, 282–309; Русија и Балкан: Меѓубалканска ривалства и руска ванјска политика 1908–1914, Загреб, 1992; Тхе Брисисх Фореигн Оффице анд Мацедониан натионал Идентитѕ, 1919–1941, „Славиц Ревиењ“, вол. 53, Но 2, УСА, Суммер 1994, 369–394; Мацедониа анд Мацедониан Натионалисм он тхе Лефт, зб.: Натионал Цхарацтер анд Натионал Идеологѕ ин Интерњар Еастерн Еуропе, Нењ Хавен, 1995, 219–254; Инцомпатибле Аллиес: Греек Цомунисм анд Мацедониан Натионалисм ин тхе Цивил Њар ин Грееце, 1943–1949“, „Тхе Јоурнал оф Модерн Хисторѕ“, вол. 69, Но 1, Марцх 1997, 42–76; Греат Бритаин анд Мацедониан Статехоод анд Унифицатион, 1940–1949, „Еаст Еуропеан Политицс анд Социетиес“, ⅩⅣ, 1, Беркелеѕ, 2000, 119– 142; Тхе Мацедониан Љуестион анд Инстабилитѕ ин тхе Балканс, зб.: Ѕугославиа анд итс Хисторианс: Ундерстандинг тхе Балкан Њарс оф тхе 1990с, Станфорд, 2003, 140–159 анд 245–254; Тхе Дисинтегратион оф Ѕугославиа, Мацедониа’с Индепенденце анд Стабилитѕ ин тхе Балканс, зб.: Њар анд Цханге ин тхе Балканс. Натионалисм, Цонфлицт анд Цооператион, Цамбридге, 2006, 110–118; Мацедониа анд тхе Мацедонианс: А Хисторѕ, Хоовер Институтион Пресс, Станфорд, 2008, пп. 367. Бл. Р.