РЕВАЛСКА СРЕДБА

РЕВАЛСКА СРЕДБА (Ревал /Талин/, 9–10. Ⅵ 1908) – средба на државните делегации на Велика Британија и на Русија за Македонија. Меѓу царот Николај Ⅱ и кралот Едвард Ⅶ била постигната согласност за проектот на реформи за автономија на Македонија, како трајно решение за одржување на целоста на Османлиската Империја и за мир на Балканот. По еден месец (јули 1908) била извршена Младотурската револуција, по што била запрена реформската акција на европските големи сили во Македонија. ЛИТ.: Австриски документи за реформската акција на европските Големи сили во Македонија 1903–1908, Редакција Михајло Миноски, Скопје, 2002; Христо Андонов-Полјански, Македонското прашање, Скопје, 1990; Ханс Лотар штепан, Македонскиот јазол, идентитетот на Македонците прикажан на примерот на Балканскиот сојуз (1878–1912), Скопје, 2004. М. Мин.