ПРОБИШТИП

ПРОБИШТИП – град во североисточниот дел на РМ со 10.806 ж. (2002 г.). Се наоѓа во западното подножје на Осоговските Планини, на надморска висина од околу 560 м. Зафаќа површина од 486 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,6°Ц и просечна годишно количество на врнежите од 700 мм. П. е млада рударско-индустриска населба, формирана благодарение на богатите резерви на оловно-цинковна руда во околината. Изградбата на населбата започнала во 1937 г. кога овде била изградена електрична централа, се почнало со флотација на оловно-цинковата руда и се изградени неколку станбени згради за рударите. Градот брзо се развил во годините по Ослободувањето. Во 1953 г. имал само 2.397 ж. Речиси целокупното население се Македонци, а од малцинствата има само малку Срби (83) и Роми (35). П. е седиште на општина што зафаќа површина од 32.557 ха, има

1989; Радомир Ивановиќ, Григор Прличев во светлината на романтизмот, Ск.,

Петре Прличко и Цилка во сцена од филмот „Мис Стон“ Центарот на ПробиШтип

36 населени места со 16.193 ж. Освен флотацијата, во градот има и фабрика за акумулатори и текстилна фабрика, гимназија и здравствен дом. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *