ПРИЛОЗИ

„ПРИЛОЗИ (Цонтрибутионс)“ – списание на Одд. за биолошки и медицински науки на МАНУ, кое се печати како одделна публикација од 1980 г. Од 1969 до 1980 г. списанието се печатело под наслов: „Прилози. Одделение за природно-математички науки“, МАНУ. Во него се објавуваат оригинални научни трудови, прегледни трудови и кратки соопштенија од сите подрачја на биолошките и Насловната страница на списанието „Прилози“, на ОБМН на МАНУ медицинските науки. Списанието излегува два пати годишно и е достапно на Интернет; индексирано е во Пуб Мед-Медлине. Трудовите се печатат на англиски јазик со резиме на македонски и се рецензирани од анонимни рецензенти. Електронската верзија на списанието е достапна на вебстраницата: њњњ.ману.еду.мк/прилози. Уредници и членови на Уредувачкиот одбор биле: К. Мицевски, А. Андреевски, П. Давчев, Ѓ. Филиповски, Ѓ. Ефремов, И. Таџер, М. Поленаковиќ, Р. Лозановски, В. Серафимоски, Ф. Мурад и Х. Клинкман. М. Пол. Првиот број на органот на Одделението за општествени науки на МАНУ (1970)

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.