ПРИЛОЗИ

ПРИЛОЗИ. ЦОНТРИБУТИОНС“ (МАНУ, Скопје, И, 1, 1970 –) – научен периодичен орган на МАНУ што се објавува двапати годишно како списание на Одделението за општествени науки. С¢ до 1975 год. (Ⅵ, 2) излегува како заеднички орган под редакција Димитар Митрев (уредник), Михаил Д. Петрушевски и Харалампие Поленаковиќ, а од 1976 год. (Ⅶ, 1), бидејќи Одделението за лингвистика и литературна наука се изделува со посебно свое списание (под истиот наслов), продолжува под редакција на Кирил Миљовски (уредник), Евгени Димитров и Љубен Лапе и објавува само прилози од областа на историјата, историјата на уметноста, правото, економијата, филозофијата, социологијата, етнографијата и културата. Бл. Р.