ПОСЛАНИЈА ДО СОЛУНЈАНИТЕ

ПОСЛАНИЈА ДО СОЛУНЈАНИТЕ – делови од Светото пис-мо, двете први посланија на апостолот Павле, напишани во 52 и 53 г., во времето на неговиот престој во Коринт, до христијаните во градот Солун. Првото послание се состои од 5, а второто од 3 глави. Во нив им се изразува благодарност за приемот при неговиот тамошен престој, ги повикува да го следат неговиот пример и проповедањето на верата. Изразува задоволство од резултатите во ширењето на христијанството и верба во Христовото второ пришествие. ИЗВ.: Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, второ издание, Скопје, 1991. ЛИТ.: Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и за Македонците, Скопје, 1995. К. М.-Р. Авионска снимка од останките на античкиот град Пела ПОСТОЛ (СВЕТИ АПОСТОЛ)