ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Тошо (Галичник, 14. Ⅶ 1919 – Скопје, 28. Ⅱ 1996) – новинар, публицист, општественик. Член на КПЈ (1939), прогонуван и затворан, носител на Партизанска споменица 1941. Завршил Висока партиска школа во Белград. Во новинарството од 1944 г. – прв дописник на Тан-југ од Македонија, уредник во Радио Белград, на „Комунист“ и „Борба“ (1952), прв дописник на „Борба“ од Москва по нормализирањето на односите со СССР (1956). Од 1959 г. главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, постојан дописник од Софија (1967– 1970). Бил пратеник во Собранието на СРМ. Автор на трудовите „Македонското малцинство во соседните земји“ и „Македонското име нема да загине“, како и на романот „Осило“ и на филмското сценарио „Потрага“. Б. П. Ѓ. ПОПОВСКИ-МАЈКА, Методија

Напишете коментар