ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Панде (с. Бистрица, Битолско, 12. Ⅳ 1922 – Скопје, 2. Ⅺ 2002) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот пошумување и мелиорација. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1949). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1969). Работел како референт (1949–1951), а потоа станал началник за одгледување и заштита на шумите во Министерството за шумарство на СРМ. Бил директор на Управата за градско и вонградско зеленило (1951–1961). Од 1961 г. работел како предавач и редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје. Се занимавал со проблемите за пошумување на голините и со контејнерското производство на садници. Публикувал голем број трудови. Ал. Анд.