ПОПОВ

ПОПОВ, Владислав (Скопје 1953) – генерален директор на „Неоком“ А.Д. во Скопје и претседател на бордот на „Рема компјутери“. Дипломирал на ЕТФ во Скопје во 1977 г. Магистрирал на ЕТФ во Загреб (1983). Во периодот од 1980–1990 г. работи во Искра–Делта како експерт за оперативни системи и компјутерски мрежи. Во тој период престојува во едукативни центри низ цела Европа. Во мај 1990 г. заедно со група акционери го формира „Неоком“ А.Д. (до 1996 г. работи под името „Макпетрол компјутери“ АД). шеснаесет години успешно ја води компанијата, која континуирано го зголемува капиталот и целокупното знаење. Др. М.