ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Иван (Скопје, 2. Ⅴ 1969) – режисер. Живее и работи во Москва. Дипломирал и магистрирал на Отсекот за режија на Руската академија за театарска уметност во Москва (1993). Режии: (во Москва) „Авантура“ (според независен весник, оваа претстава е една од десетте најважни продукции на модерниот руски театар, 1996); „Вајарот на маски“; „Бања“ (Феникс Ансамбл Њујорк); „Панаѓур“ (Театар на Европа, Париз); „Евгениј Онегин“ (Операта во Лил, Франција); „Македонска одисеја 2001“ (Охридско лето); „Дневникот на лудиот“ (на албански јазик, фестивалска премиера на Млад отворен театар) и др. Р. Ст. Јован Поповски