ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Живко (Скопје, 30. Ⅶ 1934 – Скопје, 10. И 2007) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет. Дипломирал на Архитектонскиот отсек Живко Поповски на Техничкиот факултет во Скопје (1961). Го предавал предметот проектирање на општествени згради. Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на подрачјето на поранешна Југославија, како и во други земји. Пројавувал посебен интерес за архитектонската теорија и критика. Се занимавал и со публицистика – објавил повеќе студии во стручни списанија и во дневниот печат. Позначајни реализирани објекти: Градски трговски центар во Скопје (1971); Дом на пензионерите во Охрид (1972); Дом на културата „Григор Прличев“ во Охрид (1981) – адаптација и реконструкција. ЛИТ.: И. Џепароски, Архитект Живко Поповски (1934), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за про-учувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 223-232. Кр. Т. Иван Поповски