ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Душко (Скопје, 1899 – Скопје, 1995) – фудбалер и фудбалски тренер. Играл фудбал во Скопје за ФК „Напредок“ (1919), ССК (1921), ССК „Македонија“. Настапил во ФК „Напредок“ против репрезентацијата на англиските офицери во Скопје (1919), која била победена со 2:0, како и против „Макаби“ од Солун, кој бил победен со 7:0. Тој е прв фудбалски судија во Македонија со положен испит (1924). На новоформираната Секција на фудбалските судии при Скопскиот лоптачки потсојуз бил избран за претседател (1927). Д. С.