ПОПОВ

ПОПОВСКА, Златка (Скопје, 29. Ⅶ 1948) – економист, универзитетски професор. Завршила гимназија и дипломирала на Економскиот факултет во Скопје (1967– 1971), а магистрирала (1974–1979) и докторирала (1985) на Економскиот факултет во Белград. Се вработила на Економскиот факултет во Скопје како асистент (1972) и ги минала сите наставни степени до редовен професор (1995). Била на студиски престој во Велика Британија и СР Германија и др. Нејзиниот научен интерес е насочен кон технолошкиот и економскиот развој и управувањето со економските системи. Била продекан на Економскиот факултет во Скопје, в.д. декан на Интердисциплинарните студии по новинарство, член на Сојузниот совет за економски развој и на Сојузниот совет на системот на општествено планирање, претседател на Републичкиот општествен совет за економски развој при Собранието на СРМ, претседател на Советот за општествено информирање при Собранието на СРМ, потпретседател на Владата на РМ и одговорна за европската интеграција (1997– 1998) и претседател на Сојузот на економистите на Република Македонија (1998–2003). На Катедрата за економија го предавала предметот Теорија на системи со основи на кибернетиката, а ги предава и предметите Управување со системите и Политика на технолошкиот развој. Автор е на десетина книги и околу 130 научни и стручни статии и други прилози. БИБ.: Технолошката стратегија како составен дел на развојната стратегија во самоуправното општество, Скопје, 1987; Технолошка стратегија као саставни део развијености, Београд, 1986; Терминологија од областа на економските науки – економска кибернетика, „Македонска терминологија“, 66 (19/4), МАНУ, Скопје, 1989; Технолошкиот развој на Македонија, Скопје, 1991; Како да се пристапи до европските бази на податоци, Скопје, 1992 (со коавтор); Менаџмент, Скопје, 1993; Системи, управување, економија, Скопје, 1995; Политика на технолошкиот развој, Скопје, 2000: Управување со системите, Скопје, 2006; ЛИТ.: Економски факултет 1950-1990, Скопје, 1990. С. Мл. Јоана Поповска